Приведени три лица во дебарско затекнати при незаконит лов

од Radmila Tasevska
299 прегледи

Три лица од дебарско вчера биле приведени од полициски службеници од Дебар откако биле затекнати при незаконит лов, информира Министерството за внатрешни работи.

-На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар лишиле од слобода тројца  жители на Општина Центар Жупа, Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, Ј.Р.(42) од с.Броштица, и Б.А.(50) од с.Житинени. Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото, соопштуваат од полицијата.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини