Приведени три лица: Запленети над 6000 пиротехнички средства во Прилеп

од Берта Китинска
290 прегледи

Денеска (29.12.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О.(21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Слични содржини