272
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 14 часот на подрачјето на општина Центар во Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 13:10 часот во Градскиот парк со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А. (19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.