Приведено лице по кое било распишана централна потерница

од Stefanija Kuzmanovska
483 прегледи

Денеска (10.11.2023) во 13.35 часот од с.Инџиково, скопско, од страна на Оперативен тим – Потраги лишен е од слобода П.К.(23) од скопско.

За него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна во траење од една година.

Лицето е предадено во ПС ОН Гази Баба за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа, соопшти МВР.

Слични содржини