Приведено лице во скопско Волково поради пукање на семејна веселба

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во село Волково, скопско, го лишиле од слобода скопјанецот В.З.(53) поради сомнение дека околу 18:20 часот во селото пукал на семејна веселба.

„Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Слични содржини