Привремено се прекинува изрекувањето глоби за превозниците на граничните премини на Косово

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија заедно со Бизнис Комората на Косово се осврнале на прашањето за глобите за превозниците од С. Македонија изречени на царинските пунктови на Косово, поради кои беше попречена економската активност, но и како феномен кој не се совпаѓа со економското партнерство што двете земји го изградија низ годините, соопштија од СКСЗМ.

Изрекувањето на казните за превозниците од С. Македонија се должи на немање договор меѓу двете влади, но заедничката реакција на СКСЗМ и БКК предизвика ова изрекување на глоби привремено да биде прекинато додека не се постигне договор меѓу двете земји во областа на транспортот на стоки и услуги.

СКСЗМ апелира до надлежните институции на земјава што поскоро да преземат чекори кон изнаоѓање долгорочен договор за ова прашање, со цел да не се оштетат бизнисите на двете страни, особено во ова време на криза кога има потреба од стимулирање на економијата и одржување на социо-економската стабилност.

„СКСЗМ отсекогаш го ставала на прво место општиот економски интерес како и интересот на надворешната економија како важен елемент за економски раст и развој на РСМ“, се додава во соопштението.

Слични содржини