Приземјени повеќе од 60 авиони на Boeing 737 MAX

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Американските компании во петокот приземјија повеќе од 60 Boeing 737 MAX откако американскиот производител побара од 16 превозници да го отстранат проблемот со електрониката.

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФAA) објави дека Boeing ги известил во четвртокот за препораката за привремено повлекување на некои авиони од служба со цел да се отстрани проблемот кој се појавил во производството.

ФАА наведува дека е во контакт со компаниите и производителот и дека ќе се погрижи проблемот да биде решен.

Слични содржини