Пркосат на санкциите: Руска компанија започна со производство на нови автомобили од бизнис-класа

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Рускиот производител на луксузни возила Аурус ќе започне со производство на нови автомобили од бизнис-класа кои ќе се продаваат веќе во 2025 година по поприфатливи цени, изјави во четвртокот вицепремиерот на Русија и шеф на Министерството за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров.

„Планираме во блиска иднина да лансираме линија автомобили од S-класа… Има и S-класа и E-класа. Ќе бидат во друга ценовна категорија, попристапни, нивното производство ќе биде помасовно“, рече Мантуров, пренесе Комерсант.

Тој верува дека новите автомобили Аурус ќе бидат „интересни и престижни“ за клиентите.

Првиот модел на автомобил во луксузната линија Аурус беше седанот Сенат. Производството на ова возило започна во мај 2021 година и сега се продава за 36,5 милиони рубљи или околу 365.000 евра.

Во ноември 2022 година започна производството на вториот Аурус СУВ модел „Komendant“, кој е достапен за клиентите за околу 337.000 евра.

Во август 2023 година, претседателот на Русија, Владимир Путин и нареди на Владата на Русија државните службеници да се возат во автомобили од домашно производство, а претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, рече дека во иднина руските пратеници ќе користат возила од компаниите Москвич, Лада и Аурус.

Слични содржини