Необичен проблем се шири како лоша шега меѓу корисниците на iPhone. Излегува дека кога испраќате ЅMS со конкретна серија на карактери апликацијата iMessage блокира, соопштува интернет изданието MacRumors.
Проблемот е откриен од корисниците на Reddit. Кога пораката ќе пристигне на iPhone, смартфонот се блокира и се рестартира. Потоа апликацијата iMessage не може да се отвори, бидејќи се блокира при секој обид. Единствено решение е да се почека приемот на нова порака што ќе го “исчисти” овој проблем. Корисниците можат да го направат тоа и сами, ако отворат Siri и кажат на гласовниот асистент да испрати порака до корисникот (Send a message to myself) со произволен текст.
Алтернативна опција е да се напише нешто во апликацијата Notes што потоа да се испрати како порака. Проблемот е повеќе досаден отколку опасен, и затоа брзо почна да се шири како шега меѓу корисниците.Од Apple најавија дека веќе работат на отстранување на проблемот и тој ќе биде коригиран во софтверската обнова наскоро.