Проблем за Сити – Де Брујн се повреди

од Симе Стоиков
231 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн, е изоставен од тимот на Белгија за претстојните пријателски натпревари поради проблем со препоните.

Како што објави денеска Би-Би-Си, Де Брујн нема да игра во саботното четвртфинале на ФА Купот против Њукасл, како и против Ирска на 23 март и Англија три дена подоцна.

Де Брујн беше заменет во 69. минута од натпреварот против Ливерпул (1:1) минатата недела.Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско изјави дека Де Бруин се мачел со повреда на претходните неколку натпревари.

„Сега не смееме да ризикуваме, особено не со Кевин. За него е подобро да се опорави добро во Манчестер, а потоа да биде подготвен за Европското првенство“, рече тој.

По двонеделна пауза во првенствата поради репрезентативни обврски, Сити на 31 март ќе игра против Арсенал. Де Брујн ги пропушти првите пет месеци од сезоната поради повреда на тетивата и се врати на терените во јануари.

Слични содржини