Проблеми за 2016 год: Популистите во Полска, парламентарни избори во Русија, Грција, Украина, мигрантите..

од desk3
121 прегледи

Европа се раздели со возбудлива година. Новата сепак нема да помине со помалку немири и тензии. Еве што ќе не занимава во 2016 година-анализира DW.

0,,17335933_303,00

Над еден милион бегалци дојдоа само во Германија во 2015 година. Војни беснеат во Сирија, Ирак и на африканскиот континент. Војни, кои ги тераат луѓето во бегство.
Миграциската политика ќе биде главна тема и огромен предизвик за Европа и во 2016 година. Како да бидат распределени пристигнатите бегалци меѓу одделните земји-членки на ЕУ? Како да бидат интегрирани бегалците? И како ќе функционира миграциската политика при сите внатрешни проблеми во ЕУ, каде се повеќе деснопопулистките партии се во пораст – во Франција, Полска и Унгарија? Тоа се прашања на кои засега ЕУ нема одговор. Холанѓаните и Словаците, кои ќе претседаваат доследно со ЕУ, ќе се обидат да помогнат за изнаоѓање одговори на овие прашања.

Меркел се плаши од раскол во Германија во новата година

Економската состојба на Грција останува сериозна тема и во 2016 година. Земјите од еврозоната го одобрија третиот помошен пакет за Атина и поставија строги услови. Владата на премиерот Ципрас веќе отвораат некои реформи, а доверителите изразуваат претпазлив оптимизам за 2016 година.
Избори и самит на НАТО

Во септември Европа ќе насочи поглед кон Источна Европа и парламентарните избори во Русија. Многу опозициски групи сакаат да се обединат против Путин и да влезат во Државната дума. Меѓу нив е и партијата на блогерот Алексеј Навални.

0,,18912953_401,00
Европа ќе го следи внимателно и изборите во Украина, бидејќи се уште не е надмината кризата околу анексијата на Крим и пред сè во Донбас. Темата за Украина ќе доминира и самитот на НАТО на 8 и 9 јули во Варшава. Основниот предизвик, со што ќе се занимава Форумот е обединување на различните интереси внатре во Алијансата. Источноевропските партнери на НАТО, како и домаќинот на средбата Полска на пример, сакаат строга одбранбена политика и политика на одвраќање против Русија. САД се заинтересирани за зачувување на единството во Алијансата. Јужните земји-членки како Турција сакаат да го спречат фокусот на НАТО само на Истокот. И тоа е разбирливо во контекст на геополитичката положба на Турција како сосед на Сирија и Ирак.
Еве дојдовме и до шарените теми кои ќе доминираат во Европа во 2016 година.

Во Полска претстојат две големи настани. Вроцлав е културна престолнина на Европа за 2016 година. Градот на Одра очекува посетители со многу новини, меѓу кои се издвојува новоизградениот Национален музички центар. Младите католици можат да ја комбинираат посетата на Вроцлев со посета во Краков, каде во последната недела од јули ќе се одржи 31-тиот светски ден на католичката младина.

Стокхолм, пак, ќе биде домаќин на Евровизискиот натпревар “Евровизија 2016”. По едногодишно отсуство, поради политичката криза, Украина се враќа на сцената.

Светот на науката, пак, ќе упати поглед кон небото на 14 март 2016 година. На овој датум започна долгоочекуваната руско-европска вселенска мисија “Екзо-Марс”.
Европско фудбалско под знакот на безбедноста

0,,18849559_401,00
Од 10 јуни до 10 јули Франција ќе биде домаќин на Европското првенство во фудбал. Сите пофално зборуваат за турнирот. За прв пат 24 европски национални тимови ќе расправаат за титулата. По нападите од 13 ноември 2015 година, сепак, фудбалот сега ќе биде потчинет на безбедноста. Финалето ќе се одигра на “Стад де Франс” во Сен Дени, кој исто така беше цел на терористите.

Домаќините се соочуваат со сериозен предзивик – тие не смеат да овозможат мерките за безбедност да ги прикријат спортските аспекти. Од фудбалска гледна точка се појави напната битка за титулата. Светските шампиони од Германија и домаќините од Франција се сметаат за најголеми фаворити.

Значи спокојно можеме да кажеме: Добредојде, 2016!