Прободен малолетник во Чаир

од Milan1
98 прегледи

– На 29.07.2024 во 23.05 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје, информираат од МВР.

Според пријавеното, во близина на стадионот во Чаир тој бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што еден од нив употребил остар предмет и му нанел повреди.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини