Прочитав неколку страници од неговиот роман, го нападна исламот, вели напаѓачот на Ружди

од Берта Китинска
187 прегледи

Напаѓачот на познатиот писател Салман Ружди рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но не сакаше да каже дали нападот бил инспириран од фатвата што поранешниот ирански врховен лидер ја издаде против писателот.

Хади Матар, во интервју за американскиот Њујорк пост, објавено во средата, рече дека „прочитал неколку страници“ од романот на Ружди „Сатански стихови“ и дека идејата за нападот ја добил откако на Твитер видел дека авторот би бил гостин во Чаутауква во Њујорк. , објави Ројтерс.

Токму поради таа книга Хомеини издаде фатва во 1988 година и ги повика муслиманите да го убијат Ружди. Техеран понуди награда од 3 милиони долари за тоа.

Ружди минатиот петок требаше да одржи предавање во Чаутауква за уметничката слобода, но 24-годишниот Матар го нападна со нож.

Слични содржини