Најголемиот бел дијамант, кој некогаш е ставен на аукција, продаден е за 17,8 милиони евра.
Излезе дека сумата е далеку над очекувањата на експертите, јавуваат светските агенции, а „The Rоck“, како што го нарекуваат, за само неколку минути нашол нов сопственик на аукција во Christie’s во Женева.
Прелиминарната проценка на дијамантот се движела од 19 до 28,4 милиони евра.
Во цената не се вклучени провизиите, појаснуваат од аукциската куќа.
„The Rock“ импресионира не само со своите 228,31 карати. Според претставник на Christie’s, каменот во облик на круша е совршено симетричен.
Димензиите на дијамантот се 3,1 на 5,4 цм. Неговата висина е поголема од онаа на топче за голф.
Каменот бил ископан во Јужна Африка на крајот на векот, по што станал сопственост на приватен колекционер.