КОПИЈА на познатата слика „Мона Лиза“, на ренесансниот сликар Леонардо да Винчи од 17 век, е продадена денес на аукција во Париз за 2,9 милиони евра.
Рекордна сума за репродукција на ова ремек-дело издвои европски колекционер, пренесе Ројтерс.
Репликата, наречена „Мона Лиза на Хекинг“ според нејзиниот сопственик кој неуспешно тврдеше дека купил копија во 1950-тите како оригинал, е една од многуте репродукции на оригиналната слика сместена во музејот Лувр во Париз.
– Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција на Мона Лиза – изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“.
Таа изјави дека 14 понудувачи се натпреварувале на меѓународната лицитација и дека во последниот час понудата скокнала од 500.000 на 2,4 милиони евра, а последната понуда достигнала 2,9 милиони.