Продавачите на пијалоци и храна во Градски парк ќе добијат нови локации

од Берта Китинска
555 прегледи

Град Скопје објави јавен повик за пријавување интерес за користење локации за поставување урбана опрема во Градски парк. Со ова се воведува ред за локациите и површината на која ќе може да работат мобилните продавачи, по реакциите на посетители дека се узурпираат патеките во стариот дел на Градски парк со натрупување на подвижни приколки.

Заинтересираните продaвачи може да аплицираат за поставување урбана опрема на 21 локација со еднаква максимална површина во двата дела во Градскиот парк. Изгледот на подвижните објекти и апарати не треба да го нарушува амбиентот на градски парк и да немаат негативни еколошки влијанија врз околината (да користат агрегат за напојување со електрична енергија, со ниска бучавост, високо квалитетен, не индустриски агрегат и да има сертификат дека има ниска емисија на штетни гасови).

Најважно е што сопствениците ќе бидат обврзани отпадот да го фрлаат во посебни корпи за отпад, а не во кантите што се поставени во паркот, со што ќе се подобри хигиената во паркот. Исто така, со одобренијата ќе биде регулирано работното време, дотурот на роба и не треба да содржат озвучување и слични системи за пуштање музика.

Слични содржини