Работниците на супермаркетите во Чешка во кутија со банани пронајдоа дури 840 килограми кокаин вреден речиси 80 милиони евра.
Се верува дека испораката до продавниците во градовите Јичин и Рихнов над Кнежно на северот на земјата била испратена по грешка, пишува Гардијан.
Рекордно количество кокаин, за кое се проценува дека вреди повеќе од споменатите 80 милиони на улица, пристигнало во продавниците на 10 јуни, спакувано во пакети, пренесува Јутарњи лист.
Шефот на единицата за борба против наркотици, Јакуб Фридрих, за чешкото јавно радио изјави дека се претпоставува дека кокаинот доаѓа од Централна Америка, а полицијата работела со колегите од други земји додека пребарувала други продавници кои добиле кутии од истата пратка.
2/3 Proto, v součinnosti s @Celnispravacr a dalšími subjekty, provádí v tuto chvíli prohlídky těchto míst a další úkony.
Informace o zásilkách vedou mimo území ČR, z toho důvodu využijeme institut mezinárodní policejní a justiční spolupráce. pic.twitter.com/UFBqCyBY4P— Policie ČR (@PolicieCZ) June 10, 2022
Полицијата објави слики од запленетиот кокаин на Твитер, велејќи дека истрагата ги носи надвор од Чешка и затоа ќе користи меѓународна полициска и судска соработка.
Во 2015 година во чешки супермаркет во Прага беа откриени 100 килограми кокаин, а во 1999 година чешката полиција заплени 117 килограми кокаин, кој беше спакуван меѓу сушено овошје во магацин северно од градот.