Продавачка во Германија избркала двајца вооружени крадци со правосмукалка.
Обидот за грабеж се случил во деноноќна продавница во Берлин. Двајца мажи влегле по полноќ во продавницата и ѝ се заканиле со пиштол на продавачката, која во овој момент чистела со правосмукалка. Арамииите го побарале од неа прометот, но таа одбила да им го даде.
59-годишната жена дури и им се заканила на криминалците со правосмукалка. Крадците очигледно биле аматери, полицијата претпоставува дека најверојатно и оружјето им беше лажно. Така, двајцата побрзале да избегаат, стаписани од налутената продавачка.