Продажбата на електрифицирани возила во светот е зголемена за 21%

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Во јули, 1,35 милиони електрифицирани возила – целосно електрични (BEV) и plug-in хибридни (PHEV) – беа продадени ширум светот. Од нив, 880.000 се продадени во Кина, што претставува зголемување од 21 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците.

Во првите седум месеци од 2024 година, бројот на plug-in хибриди продадени во Кина се зголеми за 70 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Најголемиот кинески и светски производител на електрифицирани возила, BYD, објави дека во истиот период ја зголемил глобалната продажба на BEV и PHEV за 13, односно 44 отсто.

Во Европа на месечно ниво во јули продажбата е намалена за 7,8 отсто, додека за седум месеци годинава таа е непроменета во однос на истиот период лани.

Во Германија, најголемиот пазар за електрични возила во ЕУ, во првите седум месеци од оваа година, продажбата е намалена за 12 отсто во споредба со истиот период лани.

Во САД и Канада, продажбата на електрични возила се зголеми за 7,1 отсто во јули.

– BYD продолжи со рекордна продажба на plug-in хибриди и овој месец, што е клучен придонес за глобалната продажба бидејќи обемот на продажба му е голем – изјави Чарлс Лестер од Rho Motion.

Возила со зголемен опсег, хибридни автомобили, исто така се продаваат во голем број, рече Лестер.

Тешко е да се очекува раст на побарувачката на електрични автомобили во Европската унија, имајќи предвид дека Унијата во јули воведе привремени царини за увоз на електрични автомобили произведени во Кина – од 17,4 на 37,6 отсто.

Слични содржини