Продажбата на паметниoт часовник на “Епл” падна за 90%

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Според аналитичарите падот на продажбата е со околу 90% во однос на првичниот голем интерес во првите денови од нивното основање. Slice наведува дека Епл веќе продава под 20 000 часовника на ден, а во некои денови – под 10 000 примероци. За споредба, во неделата по почетокот на продажбата, компанијата продавала во просек 200 илјади единици дневно. Како резултат, сега Apple Watch заостанува во продажба од конкурентите како Fitbit.

Освен тоа две третини од сите продадени Apple Watch се најевтината верзија која чини 349 долари.  Епл се надеваше дека ќе привлече повеќе внимание кон луксузната модификација која чини 549 долари. Според податоците на Slice, во САД Apple има продадено и под 2000 примероци од најскапата златна верзија на часовникот, која чини 10 илјади долари.

Истражување на компанијата Parks Associates дава и делумен одговор зошто продажбата на епл часовниците не одговара на првичните очекувања. Само 9% од испитаниците Американци одговараат дека планираат купување на паметен часовник оваа година. 40% од планираните купувања би ги платиле меѓу 100 и 250 долари. Само 6% би одвоиле над 350 долари, а ако уредот е со цена над 500 долари, тогаш тој треба да може да работи без смартфон, велат корисниците.

Главната дејност со најпаметните часовници исто така е различен од очекуваниот од Apple. Компанијата го позиционира својот модел како луксузен додаток, додека 60% од испитаниците изјавиле дека би користеле паметен часовник за фитнес апликации.