Продажбите на паметни телефони со првиот пад во историјата

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Според податоците на Gartner за четвртиот квартал од 2017 година во светот се продадени 408 милиони смартфони. Тоа е пад за 5,6% во однос на истиот период од 2016 година и е прв случај на намалување на пазарот на смартфони во историјата. Според директорот на Gartner – Аншул Гупта, причините се две. Првата е дека преминувањето од обични телефони кон смартфони оди бавно, а причината за тоа е недостатокот на квалитетни уреди во најнискиот ценовен сегмент и постоењето на доволно квалитетни обични телефони по исклучително поволни цени.

Во исто време се продолжи и рокот за замена на смартфоните, откако корисниците почнаа да ги користат подолго своите апарати. Samsung известуваат пад за 3,6% на годишна основа во четвртиот квартал, но и покрај тоа останале пазарен лидер во светски рамки. Корејците испорачале 74,026 милиони смартфони, додека вториот Apple успеа да достигне бројка од 73,175 милиони. Третиот Huawei пак доставил 43,887 милиони смартфони во празничната сезона, додека Xiaomi известуваат за 28,187 милиони продажби. Од Gartner забележуваат дека Apple исто така забележа пад од 5%, но успеале да ја стабилизираат пазарната позиција.

Според Гупта, причините за послабата презентација на компанијата од Купертино се доцната премиера на iPhone X, која се одрази негативно на продажбата на iPhone 8 и iPhone 8 Plus, како и производствените проблеми на топ моделот на почетокот, кои доведоа до недостиг на количини.

Големите победници пак се Huawei и Xiaomi, кои пријавиле сериозен раст и го зголемиле драстично пазарниот удел. При Huawei растот на понудата е за 7,6%, додека Xiaomi постигнале цели 79% повеќе испорачани уреди во однос на истиот период 2016 година.

Слични содржини