Продолжен притворот на Тачи

од Nikola Popovski
355 прегледи

Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, изјави Ангела Грип, шефица за односи со јавноста на Специјализиранииот совет на Косово, пренесе „Газета експрес“.

Грип на онлајн прес-конференција ги презентираше најновите информации за настаните поврзани со судските постапки и активности во овој суд, пренесува „Косово онлајн“.

Таа соопшти дека за случајот „Тачи и другите“, во вторник, на 25 јануари, била доставена јавна верзија на одлуката на судијата на претходна постапка, со која на Хашим Тачи му е одредена мерка понатамошен притвор.

Како што пренесува „Репортери“, следниот петок, на 4 февруари, ќе се одржи статусна конференција за текот на постапките против Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Слични содржини