Вишиот суд во Белград му го продолжил притворот за уште 30 дена на таткото на момчето кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. Kривичниот совет на Вишиот суд во Белград донел и решение со кое и се забранува на мајката на момчето М.К да се среќава и да комуницира со момчето-убиец.
Според решението, притворот на обвинетиот В.К. е продолжен поради постоење на посебни околности кои укажуваат дека во случај да биде пуштен за кратко време ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение. дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна од десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност во јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.
Со истото решение, на обвинетата М.К. и е изречена е мерка забрана за приближување, средба или комуникација со одредено лице, со што и е забрането да се приближува, да се сретне или да комуницира со момчето-убиец кое инаку е сведок во постапката.
Истовремено била предупредена дека може да ѝ биде изречена построга мерка доколку ја прекрши забраната.
Вишото јавно обвинителство во Белград вчера поднело обвинение против родителите на момчето кое на 3-ти мај во Рибникар уби девет ученици и чувар и повреди уште шестмина.