Судија на претходна постапка на Вишиот суд во Белград, Специјалното одделение за организиран криминал, донесе решение со кое го продолжи притворот на осомничениот Вељко Беливук и на деветнаесет членови на неговата група на 30 дена.
Во соопштението на судот се додава дека притворот за Беливук и другите е продолжен поради постоење на околности што укажуваат на опасност од бегство, како и дека тие ќе уништат, кријат, менуваат докази или траги на злосторството и поради можноста на повторување на кривичното дело за кратко време.
Во образложението на мерката за продолжување на притворот на осомничениот Беливук и неговата група, Вишиот суд наведува дека за кривичното дело за кое се товарат се казнува со затвор над десет години и дека „начинот на извршување и тежината на последици од кривичното дело може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.
Осомничените и нивните бранители имаат право на жалба против наведената одлука во рок од три дена од денот на приемот на писмената копија на решението.