277
Владата денеска усвои измена на уредба со која се продолжува рокот за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година од 31 мај, на 30 јуни 2021 година со цел да се овозможи сите земјоделски стопанства да аплицираат за финансиска поддршка.
Воедно се прави измена и се намалува бројот на пчелни семејства од 15 пчелни семејства на 5 пчелни семејства за производители кои имаат ограничени услови на производство.