Продолжени постоечките услови за влез во Грција

од Берта Китинска
423 прегледи

Секоја недела, Грција објавува нов список на правила според кои можете да влезете во таа земја. Правилата и протоколите за влез во Грција воведени на 14 мај, кои меѓу другото важат и за македонските државјани, продолжени се до 7 јуни 2021 година.

Дозволено е да “докажете” дека не сте заразени со вирусот на граница на неколку начини. Првиот е секако PCR-тест кој не е постар од 72 часа.

Нашата земја и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за патување во Грција за државјани на трети земји.

Ако сте биле вакцинирани, не ви треба PCR-тест, само потврда за вакцинацијата. За Грција не е дискутабилно која вакцина сте ја примиле.Единствено што е важно е дека сте ја примиле втората доза 14 дена пред да влезете во Грција.

Можете исто така да го покажете „Дигиталниот зелен сертификат“ на граничните премини. Конечно, ако сте го преминале патот, можеби е валиден и за влез во Грција. Во тој случај, треба да обезбедите доказ дека сте имале ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен PCR или тест за антиген кој ви дијагностицирал вирус.

Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

Слични содржини