Сагата за продажбата на Челси конечно заврши, клубот падна во рацете на американски конзорциум, а откако Роман Абрамович беше принуден да го продаде клубот, останатите негови луѓе ќе го напуштат „Стемфорд бриџ“.
Според германски „Билд“, Марина Грановскаја, одговорната за фудбалските трансфери ќе ги напушти „сините“ на крајот од летниот преоден рок.
– Досега последниот збор го имаше 47-годишната Грановскаја, а отсега одлуките ќе ги носи тренерот Томас Тухел. Блиската соработничка на Абрамович е во клубот од 2013 година, а бидејќи Русите сега имаат лош статус во Англија, таа најверојатно ќе си замине на крајот на август – пишува „Билд“.
Според информациите на угледните германски медиуми, нејзин наследник би можел да биде италијанскиот стручњак Андреа Берта, во овој момент спортски директор на Атлетико Мадрид.