Продолжува гранатирањето: Како изгледаат нападите на последното упориште на Украинците во Мариупол? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
328 прегледи

Пред неколку часа проруските Телеграм канали објавија видео од ракетирањето на фабриката за челик во Мариупол.

Според нив, челичарницата била погодена од стратешкиот бомбардер Тупољев. На видеото се гледаат експлозии и густ чад.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека имало нови борби во областа на фабриката за челик Азовстал, каде што се уште се заробени стотици цивили заедно со последните украински сили кои го бранеле градот.

„Денес имаше тешки борби во реонот на Азовстал“, рече градоначалникот, пренесува Си-Ен-Ен.

https://www.youtube.com/watch?v=FerFlulqSV8&feature=emb_title

Тој рече дека околу 30 деца се уште се во челичарницата и чекаат да бидат евакуирани. „За жал, денеска не бевме во контакт со момчињата. Нема контакт, така што не знаеме што се случува, дали се безбедни или не. Вчера имавме врска со нив, денес ги нема“, рече тој. .

Повеќе од 100 цивили вчера беа успешно евакуирани од челичарницата, но засега непознат број останаа во комплексот заедно со украинските сили.

Слични содржини