Продолжува периодот на релативно топло време: Следната недела до 16 степени

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

УХМР информира дека продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури.

Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Максималните температури следната недела ќе се движат од 14 до 16 степени.

Слични содржини