Продолжува политичката криза во Бугарија: Парламентот не може да избере нов претседател

од Nikola Popovski
147 прегледи

Дали Бугарија влегува во нова политичка криза?

Новото бугарско собрание нема избран претседател ниту на вториот ден од првата седница, објави агенцијата БГНЕС.

Новиот предлог на последното гласање денеска дојде од партијата „Преродба“ во лицето на Цвета Рангелова, која не ја доби потребата поддршка.

Пратениците на првото гласање не го избраа Јордан Цонев од ДПС за претседавач на 48. Народно собрание. Од 225 пратеници, „за“ гласаа 102, „против“ – 66, а 57 беа воздржани. Во вториот круг за Цонев гласаа 102, против 67, а воздржани 56.

И Кристијан Вигенин од БСП не ја доби потребната поддршка. На првото гласање „за“ гласаа 74 пратеници, „против“ – 7, а 144 беа воздржани.

Во вториот круг 73 пратеници гласаа „за“, 11 беа „против“, 141 беа воздржани.

Седницата продолжува утре.

Слични содржини