Продолжува посетата на Италија на владина делегација, градоначалници и претставници на стопанските комори

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Денеска продолжува посетата на Италија на владината делегација предводена од заменик премиерот за економски прашања, Фатмир Битики, министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на Северна Македонија.

По средбата со претедателот на Советот на метрополата Венеција, Ермелинда Дамиано, вице премиерот Битики, министерот Чупи и Мунир Шемси, претседател на Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ”, ќе одржат прес конференција за италијанските и македонските медиуми.

За попладне е закажана работна средбана на претставници на македонските стопански комори со Унијата на стопанските комори на Италија, а посетата завршува со организирање на бизнис форум меѓу стопанственици од двете земји и присуство на претставници на регионалните власти на регионот Венето.

Посетата на македонските претставници и средбите ги организираа Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ” и Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција.

Слични содржини