Продолжува потрагата по исчезнатите членови на екипажот од потонатиот брод во Тајланд

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Тајланд распореди авиони, чамци и спасувачки тимови околу својот централен брег за да трагаат по 30 маринци исчезнати откако воен брод потона во немирните води на Тајландскиот залив во текот на викендот.

Воениот брод ХТМС се превртел од силен ветер и бранови од четири метри, по што потонал на околу 20 наутички милји од брегот, пренесува „Ројтерс“.

Бродот превезувал 105 воени лица, од кои 75 биле спасени, но уште десетици, опремени со елеци за спасување, го напуштиле бродот во сплавови.

Слични содржини