Во кривичниот суд, денес според најавеното ќе продолжи рочиштето за случајот „27. Април“.
Како што се очекува, на денешното рочиште ќе бидат сослушани тројца сведоци предложени од одбраната на Миле Јанакиевски, а потоа ќе следи изведувањето на материјалните докази.
Инаку, случајот се наоѓа во доказна постапка, а истиот го предводи Илија Трпков, додека јавен обвинител во случајот е Вилма Русковска.
Во овој предмет обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски,кои се товарат за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.