Продолжува снимањето на филмот Rust, за време на кое Болдвин усмрти колешка

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Снимањето на филмот „Rust“ со Алек Болдвин во главната улога ќе продолжи во четврток, 18 месеци откако снимателка Халина Хачинс беше убиена на снимањето, објавија продуцентите во вторникот.

Снимањето ќе продолжи во Монтана, а се одвиваше во Ново Мексико пред несреќата.

Потсетуваме, во тек на пробна сцена од филмот главниот актер во филмот Алек Болдвин пукаше од пиштол за кој се веруваше дека е реквизит и дека во него нема вистински куршуми.

Меѓутоа, се испостави дека станува збор за вистински пиштол, а куршумот ја погодил и ја убил камерманката Халина Хачинс.

Во таа прилика тој го повреди и режисерот Џоел Соуз.

Она што многумина ги изненади е фактот дека сопругот на починатиот снимателка, Метју Хачинс, сега ќе биде извршен продуцент на филмот „Rust“.

Слични содржини