Продолжува судењето: Одбиено последното барање на принцот Хари до судот околу тужбата против британските таблоиди

од Nikola Popovski
354 прегледи

Принцот Хари веќе извесно време се судо со британските таблоиди „Mail on Sunday“ и „Daily Mail“. Тој, како и стотина други лица, поднеле тужби против споменатите медиуми и ги обвиниле дека незаконски собирале информации за нив во периодот од 1991 до 2011 година.

Имено, минатата година Хари го тужеше издавачот на гореспоменатите таблоиди „Асошиејтед Веспејперс“ за напис во кој се тврди дека се обидел да го задржи во тајност правен спор со британската влада во врска со полициска заштита која му завршила откако тој се повлече од кралските должности во 2020 година.

Хари неодамна побарал одбраната на издавачот воопшто да не се разгледува, но ова барање било одбиено, пренесува „People“.

„Тужбата на војводата од Сасекс сега ќе ги помине преостанатите фази од предистражниот процес и судењето во 2024 година“, се вели во одговорот на судот во Лондон, пренесува споменатиот медиум.

Слични содржини