Продолжува здравствениот караван од Клиника Жан Митрев за бесплатни прегледи на пензионерите

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, продолжува со бесплатни кардиоваскуларни прегледи за пензионерите во Скопје и околината. Со прегледите, кои се одвиваат во Клиника Жан Митрев, се опфатени сите 14 пензионерски здруженија од каде се испраќаат пензионери со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

Прегледите што ги спроведува тимот доктори специјалисти од Клиниката Жан Митрев содржат анамнеза, ЕКГ, ултразвучен кардио васкуларен преглед и контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.

Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба.

Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации. Карванот во претходниот период посети 11 града од Источна и Западна Македонија каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.

Со оваа активност Клиника Жан Митрев ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор и ја подигнува свеста за грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.

Слични содржини