Продолжуваат конфликтите во руски регион и украинскиот фронт: Зеленски најави нови напади на Курск

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Конфликтот меѓу Русија и Украина продолжи низ украинскиот фронт, но и во западниот руски регион Курск, каде што украинскиот претседател Володимир Зеченски најави нови напади.

Украински беспилотни летала синоќа го нападнаа регионот Саратов, предизвикувајќи голем пожар во градот Енгелс, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс.

Регионот Саратов е дом на голема воздушна база за стратешки борбени авиони кои се дел од руските нуклеарни сили.

Руските медиуми јавија дека избувнал пожар во фабрика за нафта.

Регионалниот гувернер Роман Бусаргин изјави дека градовите Саратов и Енгелс, кои се на спротивните страни на Волга, биле цел на „масовен напад со беспилотни летала“.

Нема информации за можни жртви.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 11 украински беспилотни летала се уништени во текот на ноќта во Саратовската област, а 21 над други делови на Русија и Азовското Море.

Жестоки борби се водеа во вторник во областа Керсон, каде две лица загинаа, а четворица беа тешко ранети.

Конфликти има и во регионот на Доњецк, особено околу стратешки важниот град Курахов, над кој двете страни тврдат дека имаат контрола.

Украинската армија соопшти дека во изминатите 24 часа соборила повеќе од 30 руски беспилотни летала.

Според украинската армија, во изминатите 24 часа имало повеќе од 170 борбени престрелки со руските војници, а најжестоките борби се водат во правците Покровск и Курск.

Слични содржини