Продуцентката на Џејмс Бонд откри кои услови мора да ги исполнува новиот 007

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Продуцентката на филмската франшиза за Џејмс Бонд, Барбара Броколи, откри какви услови ќе треба да исполни актерот кој ќе стане еден од најпознатите фиктивни агенти по заминувањето на Даниел Крег.

Според Screen Rant, во неодамнешното интервју за The Independent, Броколи сподели ажурирање за процесот на кастингот за Џејмс Бонд, откривајќи каков вид актер може да очекува публиката. Во тој разговор, Броколи откри дека бараат маж, веројатно на околу 30 години, кој не мора нужно да биде бел. Но, има нешто на што новиот актер мора да се согласи за да ја добие улогата. Избраниот актер мора да биде подготвен да се посвети на улогата на Џејмс Бонд најмалку десет години.

Броколи потоа ја коментираше ситуацијата и рече: „Тоа е голема одлука“. Во тоа време, според Screen Rant, таа, исто така, откри дека таа и продуцентот Мајкл Г. Вилсон очекувале дека публиката на почетокот би можела да биде скептична кон кастингот, потсетувајќи се на реакцијата кога Крег првпат ја добил улогата.

И продуцентот Вилсон ги даде своите размислувања за идната насока на франшизата, ветувајќи освежувачки нов пристап: „Секогаш кога добиваме нов актер, филмовите се менуваат. Возбудата доаѓа со нов Бонд, нова насока. Секој од овие актери кои ја презедоа улогата донесоа нешто ново и поинакво“.

Последниот филм за Џејмс Бонд, „No Time To Die“, излезе во 2021 година, а со него и Даниел Крег се прости од улогата по 15 години. Крег првпат се појави како Бонд во Casino Royale од 2006 година. На почетокот на месецот, актерот изненади многумина со својот одговор на прашањето кој сака да го наследи во улогата, велејќи дека „не му е гајле“.

Иако се уште не е официјално потврдено, се шпекулира дека новиот Џејмс Бонд би можел да биде 34-годишниот актер Арон Тејлор Џој. Тој е познат по улогите во филмовите Bullet Train, Anna Karenina, The Fall Guy, а ќе глуми и во претстојниот филм Kraven The Hunter.

Слични содржини