Продуцентот Симе Младеновски најавува комплетна реализација на два нови документарни филмови за филмски фестивали во Сао Паоло и Москва, пишува Текст.мк.
„Имаме покани да бидеме дел од неколку фестивали за документаристика. Сами се финансираме, имаме и помош од наши пријатели, но немаме никакви средства од некоја институција од државата. Насочени сме кон светската сцена и таму го гледаме нашиот успех. Се надеваме дека нашите филмови ќе живеат и ќе бидат гледани“, вели Младеновски.
Според него, нивната екипа се состои од неколку члена.
„Во неа е Бубе кој има завршено Букурешка академија за филм, Зоки камера, Горан камера, Тони тон мајстор, Саше светло, и Младеновски, кој освен што е извршен продуцент е и ко-режисер, ко-монтажер и организатор на патувањата“, вели продуцентот.
Целиот текст прочитајте го тука