Концепт Плус од Скопје го имплементираше проектот “ДА исе вратиме на природата“ чија цел имаше креирање на здравите навики кај граѓаните преку посети во природа, посети на планински и рурални дестинации и враќање на луѓето назад во природата, преку нејзино истражување, посета и грижа за неа. Клучен проблем поради кој се имплементира овој проект е ниската свест за посета на дестинации во природата и ниска јавна свест за заштита на природата. Голем број на граѓани во Македонија својот одмор, викенди и празници го користат за посета на познатите туристички капацитети како Охрид, Струга, Дојран, додека мал број на граѓани го користат времето да излезат во природа, во планинските места кои се недоволно промовирани во јавноста.
Специфични цели на проектот се
• Промовирање на помалку познати природни локалитети во Македонија,
• Заштита на природата преку истражување и чистење на истата и
• Промовирање на користење природна, здрава и органска храна
Преку имплементација на овој проект и враќање на луѓето во природата ќе се постигнат повеќе ефекти:
• Промоција на здравиот начин на живот
• Зачувување на природата
• Промоција на планинскиот туризам наспроти масовниот туризам
• Промоција на туристичките локалитети во Македонија
Во рамките на проектот „ДА и се вратиме на природата“ беа предвидени повеќе активности со кои се реализираа 3 репортажи за дестинации во Македонија и тоа: Крива Паланка регион, Демир Капија регион, Тиквеш регион. Преку имплементирање на овој проект се промовираат навиките за посета на рурални и непознати туристички места и истражување на природните убавини на Македонија, а истовремено се стекнуваат навики за грижа и зачувување на природата преку собирање на ѓубрето кои посетителите го создаваат. Исто така преку овој проект се зацврсти врската помеѓу граѓаните и природата, со тоа што повеќе ќе ја ценат, грижат и уживаат во неа.
Проектот го реализира Концепт плус од Скопје, и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и се реализира во 2023 година.