350
На денешниот промотивен настан врзан за отпочнување на проекти за домување на Ромите, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како и евроамбасадорот, Дејвид Гир и пратеничката Латифа Шиковска.
Овие предвидени проекти ќе имаат вредност од 3,2 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош, односно ИПА 2.
Овој настан ќе се одржи преку апликацијата ZOOM, а ќе бидат презентирани и очекуваните резултати од реализацијата на четири проекти.