
ДО КАДЕ МОЖЕ ДА ОДИ ЗЛОБАТА И НЕЧОВЕЧНОСТА НА ВЛАСТОДРШЦИТЕ?.
Во текот на вчерашниот ден добив сериозна информација за обид за моја диксредитација во јавноста преку класична полициско-судска “местенка”. Режиската палка, како и досега, е во рацете на проверени и потврдени кадри. Но, дефинитивно одбрале погрешен лик за оваа роља.
Кога човек е со чиста совест е многу лесно. Во директен контакт им порачав дека времето на вестерн филмовите е МИНАТО. Време е за нови, современи, демократски сценарија.
Монтруозна е и самата помисла дека сеуште постојат “човечиња” на кои животот на обичниот, секојдневен Македонец не им значи НИШТО. За сопствен опстанок се подготвени и со ѓаволот да склучат пакт.
Затоа, Ве молам, исклучете ме мене од Вашето црно сценарио за моја дискредитација. Одбравте погрешен човек.
Сега е најдобро да се оттргнете од доделената улога да бидете нечиј извршител. Наместо да бидете злобни и пакосни како многупати досега, конечно одберете ја слобода на мислата. Одберете демократски амбиент. Почитувајте ги туѓите размисли и ставови. Одберете затворски казни за тие што ги заслужуваат во вашите сопствени редови, а не за оние кои ви ја кажуваат вистината.
Немојте да се обидувате да ја затварате СЛОБОДАТА…Барем во еден миг сетете се на бумеранг ефектот.
Интегрален текст од ФБ статус на проф. Јове Кекновски