Согласно предложените, т.н. блокови граѓаните кои имаат месечна потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа помала од 210 kWh, би биле траифирани со пониски цени за електричната енергија во висока тарифа, споредено со сегашните цени за висока тарифа и би имале за околу 13% помали месечни трошоци за електрична енергија, вели во разговор за „Локално“, проф. Драган Миновски од Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“.
Според него со воведувањето на дополнителни мерки за енергетска ефикасност, оптимачно користење на електричните уреди и со фотоволтаични системи на домовите ќе се намали потрошувачката на електрична енергија во висока тарифа.
-Не може да имаат ист третман граѓаните кои оптимално ја користат електричната енергија и оние граѓани кои електричната енергија ја користат за загревање на базени или за други нерационални цели, смета професорот.
Предложени се блок-тарифи на потрошувачка на струја. Што ќе значат скалестите тарифи за струја за граѓаните?
-Изминатата недела Регулаторната коисија за енергетика и водни услуги презентираше модел за нов тарифен систем со кој се предалагаат четири блок тарифи за граѓаните само за високата дневна тарифа, согласно месечната потрошувачка на електрична енергија. Тарифирањето во ниската тарифа, ќе биде исто за сите граѓани без разлика на месечната потрошувачка на електрична енергија во ниска тарифа. Согласно предложените, т.н. блокови граѓаните кои имаат месечна потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа помала од 210 kWh, би биле траифирани со пониски цени за електричната енергија во висока тарифа, споредено со сегашните цени за висока тарифа и би имале за околу 13% помали месечни трошоци за електрична енергија. Доколку потрошувачката на електрична енергија во висока тарифа е во рангот од 210 kWh до 420 kWh, првиот дел од електричната енергија до 210 kWh граѓаните ќе го плаќаат по цена која би била пониска од сегашната, додека пак остатокот потрошена електрична енергија од 210 kWh до 420 kWh би бил наплатен по цена која би била малку повисока од сегашната цена, но вкупните месечни трошоци за граѓаните би биле помали за околу 5%. Доколку пак потрошувачката на електрична енергија во висока тарифа е повисока од 420 kWh, тогаш како и за претходниот случај дел од електричната енергија до 210 kWh би се наплатил по пониска цена споредено со сегашната цена за висока тарифа, потрошената електрична енергија во висока тарифа за останатите 210 kWh до 420 kWh би бил со повисока цена, а останатиот дел од 420 kWh до 630 kWh би се наплатил по цена која би била прилично повисока од сегашната цената за висока тарифа, што на крајот би резултирало со поголеми трошоци за потрошената електрична енергија на месечно ниво од околу 6%, споредено со сегашните цени и трошоци. За оние домаќинства кои имаат потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа поголемна од 630 kWh, за нив цената на потрошената електрична енергија над 630 kWh на месечно ниво би се наплаќала со тарифи кои би биле многу поголеми споредено со сегашните, што на крајот би резултирало со зголемени месечни трошоци за потрошената електрична енергија за над 18%.
На овој начин Регулаторната Комисија сака да воведе поголема праведност во однос на потрошувачката на електрична енергија и цените и трошоците кои ги имаат домаќинствата. Доколку едно домаќинство троши повеќе електрична енергија во висока тарифа, тоа ќе плаќа и повеќе на месечно ниво и обратно доколку троши помалку, тоа би имало помали трошоци на месечно ниво за потрошената електрична енергија.
Лично мислам дека ова е еден навистина добар и праведен модел за тарифирањето на електричната енергија за домаќинствата кој ќе допринесе за поголема имплементација на енергетската ефикасност од страна на граѓаните, но и се поголема застапеност на обновливите извори на енергија во домаќинствата. Исто така на овој начин ќе се остави простор секое домаќинство да има поголема контрола на потрошувачката на електрична енергија и да има поголем фокус со цел намалување на трошоците. Ова е од аспект што секое домаќинство со предложеното блок тарифирање ќе се труди да биде во пониските блокови за да има помали трошоци за електричната енергија, односно да воведе системи за енергетска ефикасност за да има заштеди или да имплементира обновливи извор, како фотоволтаични електрани на своите домови со цел да има сопствено производство во одредени периоди, но и да продава вишоци и да има дополнителни приходи. Во однос на количината на електрична енергија со предложените блокови во висока тарифа – прв блок 210 kWh, втор блок 420 kWh, трет блок 630 kWh и четврт блок над 630 kWh, сметам дека се мали и мислам дека би требало да се зголемат за околу 100 kWh, со цел да се потикнат се повеќе домаќинства да се грееат со енергетски ефикасни уреди за производство на топлина, како топлински пумпи или инвертер клима уреди и да се напушти коритењето на фосилни горива (како огревно дрво или јаглен), со што ќе се влијае кон помало загадување во зимските месеци во целата држава.
Се надевам дека Регулаторната Комисија, ќе организира уште неколку јавни распарви за предложените блок тарифи, на кои ќе можат и експертската јавност, невладините организации и граѓаните да предложат подобрувања на прикажаниот модел, за на крај да се донесе модел кој ќе биде прифатен од повеќето субјекти во општеството, бидејќи трошоците за електрична енергија се навистина значајни и битни за сите домаќинства во нашата држава.
Како да се стимулира помала потрошувачка на струја а со тоа и помала цена?
-Како што и претходно беше наведено, со предложените блок тарифи секое домаќинство кое има поголема потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа ќе плаќа повеќе на месечно ниво. Со ова ќе се стимулираат граѓаните да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и да воведат поголеми мерки за заштеда. Еден од начините е со воведување на дополнителни мерки за енергетска ефикасност, оптимачно користење на електричните уреди и со воведување на фотоволтаични системи на домовите. Со тоа ќе се намали потрошувачката на електрична енергија во висока тарифа и ќе може граѓаните да преминат во пониските блокови, со пониски цени и да имаат намалени месечни трошоци за електричната енергија. Не може да имаат ист третман граѓаните кои оптимално ја користат електричната енергија и оние граѓани кои електричната енергија ја користат за загревање на базени или за други нерационални цели.
На кој начин ќе влијаат покачувањата на економската состојба?
-Во моментот немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Во текот на овој месец компаниите кои учествуваат на регулираниот пазар на електрична енергија ќе ги достават своите пресметки до Регулаторната Комисија за енергетика, која ќе треба да ги разгледа и да ја формира цената на електричаната енергија за наредниот период. Со оглед дека во изминатиот период бевме сведоци на енергетска криза, зголемни цени на електричната енергија на светските и европските берзи, зголемени цени на енергенсите кои влијаат на цените на електричната енергија (како нафта, јаглен, природен гас,…), како и остварените финансиски резултати на сите регулирани енергетски компании кои влијаат на цената на електрична енергија за домаќинствата кај нас, лично мислам дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија, но колкаво, во моментот неможам да кажам, бидејќи ги немам сите податоци. Се надевам дека со оптимизирање на производството на електрична енергија, со намалени загуби на електрична енергија во преносниот и дистрибутивниот систем, како и со намалување и рационализирање на трошоците на енергетските компании, РКЕ ќе излезе со многу мало зголемување на цената на електричната енергија, кое со предложените блок тарифи, ќе има зголемени влијанија само на многу мал бро домаќинства кои имаат голема месечна потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа. Кај најголем дел домаќинства, кои имаат мала потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа, ова очекувано зголемување не би имало големо влијание.
Не очекува ли тешка година во однос на енергетската криза?
– Сметам дека и оваа година нема да биде лесна од енергетска гледна точка. Како и минатата и оваа година имаме зголемени цени на електричната енергија, природниот гас, нафтата и нафтените деривати, што допринесува да имаме зголемени цени и трошци на сите основни производи за нормален живот. За очекување е овие зголемени цени да останата и во наредниот период. Решението за излез од ваквата тешка состојба е зголемено домашно производство на електрична енергија, намалена потрошувачка на природен гас во зимските месеци за производство на топлинска енергија во градот Скопје, како и поголемо користење на јавниот превоз (автобуски и железнички) се со цел да имаме намален увоз на енергенси и намалени трошоци за нив. Се надевам дека АД ЕСМ ќе произведе повеќе електрична енергија оваа година, со што покрај покривање на потребите за електрична енергија на домаќинствата, ќе може да покрие и дел од потребите за загуби во преносниот и дистрибутивниот систем, со што ќе се намалат трошоците на сите потрошувачи во нашата земја, како за домаќинствата, така и за индустриските капацитети.
Како ќе се справат со цените големите потрошувачи во индустријата?
– Големите потрошувачи се целосно излезени на слободниот пазар со енергија и за нив секое движење на цените на енергијата на берзите влијае на нивното целокупно работење. Единствен начин како да се намали ова влијание на нив е да се имплементираат поголеми мерки за енергетска ефикасност кај секој од нив, но и да се имплементираат и фотоволтаични системи на крововите, со што би се покривале најголем дел од енергетските потреби. За ова секако дека е потребно да се инвестираат значителни финансиски средства. Државата, но и комерцијалните банки, во овој момент потребно е да ги помогнат сите индустриски потрошувачи со поволни кредитни линии за имплементирање на нови мерки за енергетска ефикасност и имплементирање на фотоволтаични системи, со што значително би се намалиле потребите од енергија кај овое потрошувачи и со тоа би имале големи еконосмки и финасиски заштеди. Ова е единстевниот и преавилниот начин како може вистински да се помогне на индустриските потрошувачи, за полесно да ги пребрдат овие тешки енергетски и економски времиња.