Проф. Пјер Вермерен: забулениот – идеолошки инструмент на салафизмот

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Забулувањето е постаро од исламот и христијанството: превезот се носи уште во антиката.

ббули

Францускиот премиер Мануел валцер неодамна изјави дека салафизмот “победува во битката” за францускиот ислам. Јас сметам дека во некои области забулувањето станува белег на идеолошко и културно освојување.

Забулувањето – верски или политички симбол?

Забулувањето е постаро од исламот и христијанството: превезот се носи уште во антиката. Тоа се задржало во Медитеранскиот регион до 20 век. Како што забележува етнологот Жермен Тијон забулувањето почнало да се намалува и постепено исчезнува како резултат на зајакнувањето на секуларниот карактер на општествата во Медитеранот. Во Турција забулувањето е забрането во 1925 година како резултат на реформите на претседателот Кемал Ататурк. Во Сирија и Либан од средината на 50-тите години се намалува носењето на хиџаб, последователно овој тренд се шири во градовите на Магреб и Египет. Нема јасно религиозно објаснување за забулувањето на жените. Тоа е потврдено и од муслиманските теолози. Султанот на Мароко Мохамед Петти, голем авторитет во исламскиот свет, објави забулувањето за реликвија од минатото и и ја претстави на јавноста својата ќерка принцезата Лала Ајша со гола глава.

Враќањето кон забулувањето се забележува меѓу муслиманите од Медитеранот од 70-тите и 80-тите години на 20 век, кои се обележани со успехот на иранската револуција и ширењето на политичкиот ислам од “Муслимански браќа”. Денес забулувањето првенствено има религиозно-политички карактер, особено во Иран. Традиционалните причини за неговото носење не исчезнаа целосно, но исламистите имаат корист од него како средство за испраќање на политички пораки за заземањето на одредени територии и умови на луѓето.

Треба ли Западот да се помири со забулувањето?

Забулувањето може да има и практична цел, на пример, да се заштити жената од машката агресија. Традиционално женскиот превез во Магреб е бел или во боја. Но кај исламистите тој задолжително е во темни бои – црна, кафеава или сива. Денес се почесто забулувањето е политички симбол со кој се обележува одредена територија. “Муслимански браќа” принудуваат дури девојчињата да се забулени, иако такво нешто никогаш не постоело порано. Или тие повикуваат девојките да одат забулени во  групи. Токму тоа се случи во еден француски колеџ во 1989 година и предизвика огромен резонанца. Тогаш исламистите користеа три ученички, за да покажат дестабилизирачки идеолошки притисок во регионот и врз медиумите. Ако забулувањето беше личен избор, тогаш можеби немаше да има причини за воведување на забрани. Но ако ние го разгледуваме како политички акт, кој претставува закана за основните права на жените да се облекуваат како сакаат, тогаш работите стојат поинаку.

бул  Во Франција веќе постои забраната за забулувањето во државните установи и училиштата. Забулувањето се забрануваат во одредени периоди во некои муслимански држави, на пример, во Турција при Ататурк / 1923-1938 / и во Тунис при Бен Али / 1987-2011 /. Во 2006 година туниски министер за надворешни работи дои изјави дека хиџабот е “политички слоган на група која се крие зад религијата, за да ги оствари своите политички цели”. На крајот зголемениот број на забулени жени е најсветлото сведоштво за тоа дека даден регион минува под контрола на исламистите. Тие го нарекуваат тоа “исламизација одоздола”. Носењето на хиџаб е многу погодно за исламистите: тоа не чини ништо, ја  става жената на место и го привлекува внимание.

————————————————- ————————————————–

Пјер Вермерен, професор по современа историја на земјите од Магреб во Сорбона. Тој е автор на десетици монографии и статии за прашањата на современата арапска историја. Неговата  анализа е објавен во. “Фигаро”.