Професорот и експерт по уставно право господиниот Светомир Шкариќ во интервју за радио “Илинден” го дава свеото мислење за Одлуката на уставниот суд за укинување на одредби од Законот за помилување. Тој вели дека Уставниот суд постигнал спротивен ефект од од посакуваниот. Ви пренесуваме дел од интервјуто:
Конкретно која е грешката, како би ја дефинирале?
Проф. Светомир Шкариќ – Грешката е во тоа е што Уставниот суд мислел дека со укинување на законот од 2009 година дека сите одредби укинати од законот од 1993 година ќе оживеат. Меѓутоа, теориски и научно тоа не е возможно бидејќи еднаш веќе укинатата одредба станува мртва за секогаш. Неа може да ја оживее само Собранието преку нов закон. Тука Уставниот суд погреши и не успеа, не само да му отвори простор на шефот на државата да врши помилување туку целосно ја блокира неговата постапка за помилување на било какво кривично дело затоа што од тој закон од 1993 година од 17 члена , 10 члена се видоизменети и еден член е избришан. Оние пак останати 6 члена што се во сила се неподобни за поведување на постапка за помилување на било кое кривично дело.
Згора на тоа меѓу тие 6-7 одредби што останаа во сила има и една одредба, тоа челнот 3, со која се предвидува правото, кога е во прашање аболиција, постапката за аболиција да се води „екс официо“ по службена должност, листата пак може да ја отвори само министерот за правда. Значи без министер за правда шефот на државата не може ништо да направи. Тоа е втора бариера и на тој начин претседателот всушност останува без никакви ингеренции во сферата на помилувањето. Така да Уставен суд со својата одлука постигна спротивен ефект. Јас жалам за тоа меѓутоа тоа се случува бидејќи одлуката е донесена на брзина. На пример, на 3 февруари е дадена иницијатива од еден адвокат, кој не беше ниту поканет на расправа пред Уставен суд, требаше да биде поканет за да го образложи тоа… Второ, за неполни 15 дена е усвоена иницијативата од страна на Уставниот суд за прифаќање на иницијативата на тој адвокат, што пак е многу брзо. Брзо е затоа што за 15 дена треба да се напише реферат, треба да се истражат фактите, треба да се видат импликациите… но, иницијативата е усвоена и на 24 март донесена е одлуката. Значи, за неполни 45 дена целата постапка завршува. Тоа е многу брзо. Скоро и да не нема таков случај во досегашната 50-годишна историја на Уставен суд. Очигледно Уставниот суд брзал, бил под одреден притисок. Што пак исто така битно, голема поделба настана во судот. Пет судии гласаа за оваа одлука а 4 беа против. Нашиот Уставен суд брои 9 члена. Значи таа поделба 4 спрема 5 е тесна разлика но одлука е донесена со мнозинство гласови и тоа е факт. И сега е многу слаба аргументацијата на мнозинството кога е во прашање одлуката. На пример мнозинството во образложението на одлуката смета дека правото на помилување на претседателот е неприкосновено и уставно и законско право. Но, не може да биде неприкосновено уставно и неприкосновено законско. Ако е неприкосновено уставно тогаш со уставот е целосно уредено. Ако е неприкосновено законско тогаш Уставот нема никакви допирни точки со тоа право. Од друга страна пак Уставниот суд тврди дека правото на помилување не смее со ништо да биде ограничено. Од друга страна пак тврди дека со закон е неприкосновено. Тврди дека не може со закон да се уредува правото на помилување додека Уставот е прецизен и кажува дека во надлежностите на претседателот дека има право на помилување согласно со закон. Сега ова во согласност со закон имплицира дека законодавецот во овој случај Собранието може да му го димензионира правото, да му го ограничува. Може да има поширок приод како што имаше законодавецот во 1993 година кога му го даваше и правото да аболира. Но може законодавецот да има и потесен приод како што се случи во 2009 година кога тоа право за аболиција му го одзеде. Значи може да го димензионира во зависност од наоѓањето на законодавецот. Сега Уставниот суд за да може да го врати старото решение се потпира на ова толкување дека правото на помилување е речиси апсолутно право на претседателот, што пак не е точно и не може да биде, бидејќи апсолутното право на помилување е својствено на монарсите. Такво право за прв пат се воведува за време на римските императори.
Недозволиво е претседателот да може да аболира да може да укинува казни, да може да ги видоизменува казните, да може да брише без пресуда … Тоа е длабоко навлегување во судската сфера, во судската власт. Тоа значи дерогирање на судските пресуди. Пресуден предмет е најцврстата точка на правниот систем. За среќа ете кај нас поради не знаење поради непознавање на карактерот на уставното судство уште повеќе ја затвори вратата на претседателот така да Македонија бар во ова време се заштитува од преголемата ингеренција на извршната власт во судската сфера.
Повеќе ТУКА
