Проф. Трајковски: „Чебрен“ треба да се гради исклучиво за сопствени потреби без концесии на странци

од Nikola Popovski
553 прегледи

Професорот при Техничкиот Факултет во Битола, Дејан Трајковски порачува дека хидро-електраната „Чебрен“ треба да се гради, макар и со странски изведувачи, но исклучиво за сопствени потреби и без никакви концесии на странци. Истакнува дека таа доминантно ќе претставува бизнис за складирање на електричната енергија, конкурентен на моментално најмногу користените литиум-јонски батериски банки. Класичното производство на електрична енергија од истекот на вода би бил само инцидентен бизнис во однос на складирањето.

Трајковски наведува дека трошоците за персоналот се мали, бидејќи хидроелектраните немаат многу работници.

Ако работат 50 вработени, со годишна бруто плата од 12.000 евра, за 30 години тоа би изнесувало сé на сé 18 милиони евра, што е капка во морето од инвестираните милијарда евра. За одржување и отстранување на разни дефекти ќе предвидиме 100 милиони евра во текот на 30 години. Така доаѓаме до вкупно 1.118 милиони евра (фиксни и варијабилни трошоци) за 30 години. понатаму, ќе сметаме во денешни евра, односно ќе претпоставиме дека каматниот трошок ќе се компензира со растот на цената на алектричната енергија, објави професорот.

Посочува и дека цената за складирање на 1 MWh изнесува приближно 1.118.000.000 евра / 19.874.000 MWh = 56,2 евра/MWh

-Во македонски услови, речиси сигурно е дека би биле на горната граница од овој дијапазон. Кога ќе ја подвлечеме цртата, испаѓа дека цената на складирањето со ПАХЕ „Чебрен“ би била двојно пониска отколку со литиум-јонски батерии, дури и со договорената цена за изградба од една милијарда евра. Доколку самите би ја граделе електраната за 522 милиони евра, цената на складирањето би била уште пониска, односно само 29,3 евра/MWh, информира Трајковски во објава на социјалните мрежи, додавајќи дека под никакви услови „Грците не требаше да бидат вклучени во изградбата и подоцнежната експлоатација“.

Слични содржини