Проф. Трајковски: Македонските навивачи кои беа во Романија се ризична група

од Берта Китинска
326 прегледи

Универзитеткиот професорот од Техничкиот факуктет во Битола, кој од почетокот на пандемијата изработува математичко-сатистички анализи,  вели дека опасноста е околу нас, со оглед на се  поголемата раздвиженост во летниот период, а како ризична група ги посочува македонските   навивачите кои отпатуваа во Романија  каде се секвенционирани 22 случаи, а ништо помала не е  опсаноста Делта варијантата или Индискиот сој летово  да допатува со  дијаспората.

-Делата сојот е секвенциониран во Грција со 10 случаи, Бугарија има еден, а за нас особено е значајно во време на Европско првенство со 22 случаи во Романија, пет во Словенија, а во останатите балкански земји нема секвенционирани случани. Но, да не се залажуваме, Србија крена раце од секвенционирање уште од април, така што не знаеме која е вистинската состојба во Србија, вели проф. д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, за „Телма“.

Иако летните температури не се поволни, опасноста може да дојде есенва.

-Иако моментално временските прилики не годат на преносливоста, но ако еднаш влезе во Македонија тој тука ќе остане до првите есенски денови, а тогаш со зголемување на преносливоста постои гоем ризик од нов бран, со оглед на малата стапка на примени дози и прележаност, се разбира, вели Трајковски.

 

Слични содржини