Не само што Малезија повеќе нема да порачува од кинеските вакцини, Коста Рика одбила дури да ја прими пратката, туку и Кина се увери дека не ја бидува работата – ниту со нивните вакцини базирани на деактивран вирус, ниту со нивната mRNA вакцина која не стигнале да ја развијат на време. Затоа бараат излезна стратегија, ја купуваат лиценцата од Бајонтек, која заедно со Фајзер ја произведува моментално најефикасната вакцина на светот, Комирнати, објави професорот Дејан Трајковски од Битола, кој редовно ја анализира пандемијата со коронавирусот.
Според него, ОАЕ, Бахреин, Србија, Унгарија и други земји кои вакцинирале со Синофарм или Синовак на своите граѓани ќе им даваат трета доза, но од друг тип вакцина (Фајзер, Модерна или АстраЗенека) бидејќи се докажале како супериорни во однос на првите.
-Се виде фајдето, а не помогна ни саботирањето на mRNA вакцините од ланскиот ноември, па сега се посипуваат со пепел. Народот вели: „Што не се прчело, не се кози“ секогаш кога нешто претерано се форсира, а не дава резултати.
Во меѓувреме, кој сака може да го прочита и овој унгарски научен труд (https://www.medrxiv.org/con…/10.1101/2021.07.15.21260362v1), според кој кај вакцинираните над 60-годишна возраст со вакцината на Синофарм (слично е и кај Синовак) многумина имале нула антитела. Кај 80-годишните, коишто се најзагрозени и кои најмногу зависат од вакцината, дури половината од вакцинираните останале со нула антитела. Бидејќи вакцините со инактивиран вирус не развиваат клеточен имунитет (го пишува и ова во трудот), на што ќе се надеваат вакцинираните со нула антитела? За разлика од другите видови вакцини, каде е можна заштита и при мал или никаков титар на антитела, кај овие вакцини тоа не важи. Без антитела не може да се развие ни мемориски имунитет во мемориските Б-клетки (ќе видиме утре труд и на оваа тема), истакнува професорот, додавајќи:
-Моментално во Унгарија населението е бесно, бараат бесплатно тестирање на антитела и вакцинација со трета доза од друг вид вакцина. Власта, пак, ги обвинува опозицијата и Сорос (!) дека го финансирале ова истражување, инаку прво на Запад за кинеските вакцини и прво за лица постари од 60 години. Ќе видиме како ќе се заврши сето ова.