Професорот Драги Рашковски со прашања до МВР за акцијата во Куманово

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Драги Рашковски, преку својот Фејсбук профил постави неколку прашања до МВР:

11169797_10152962382584633_5653862063938392721_o1-540x540

До колку МВР имала оперативни сознанија дека групата е влезена од соседна земја значи дека таа ги следела и допуштила да се стационираат во населено место и тоа вториот по големина град во Македонија. Дали е ова нормална полициска тактика?

Доколку МВР знаела дека крајна цел на таквата група е напад на државни институции, нека одговори МВР кои државни институции ги има во Куманово?

Доколку нивна цел на напад биле државни институции во Скопје, дали не е логично да се пресретнат на пат од Куманово до Скопје?

Дали нападот на таквите групи во населено место каде и самото МВР вели дека е ризично за полицајците поради тесните улички е изложување на висок ризик?

Доколу МВР не почнала со акцијата, според нивните оперативни сознанија дали терористите ќе го нападнеле локалното население во Дивје насеље каде живее претежно албанско население?

Што според МВР ќе се случело доколку не ги нападнеле терористите таа ноќ?

Дали МВР направи погершна оперативна тактика а се должи на квалитетот на вработувањата и унапредувањата за кои народот слушна?