Настаните од последните денови сведочат за уривање на светскиот поредок, создаван во текот на 25 година.
Американскиот професор и специјалист за Русија Стивен Коен објасни како настаните од последните денови, вклучувајќи самитот на НАТО во Варшава и обидот за преврат во Турција, влијаат на односите меѓу Западот и Русија. Тој ги изкажа своите размислувања во програмата на Џон Батчелор.
Професорот го споредува обидот за преврат во Турција со августовскиот пуч од 1991 година во СССР, кога лица од Армијата и КГБ создадоа Државен комитет за вонредна состојба, кој се стремеше да не дозволи распадот на СССР.
Како и обидот за преврат во Турција, августовскиот пуч не се круниса со успех, и Коен обрна внимание на тоа дека општеството во текот на неколку години, јавноста не знаеше многу детали за настаните од 1991 година – што всушност се случи и која беше причината и за некои од неговите учесници.
Според него, во случајот со Турција засега не е можно да се обнови вистинската слика на настаните. Тој потсетува на верзијата дека Ердоган сам го провоцирал овој удар, а исто така и гледиштето дека САД знаеле за подготвување преврат или дури го иницирале.
Професорот смета дека сето ова се гласини. Ако нешто е очигледно, тоа е дека антирускиот фронт се скрши.
Според Коен, до неодамна во односите со Русија Ердоган беше на страната на НАТО – не само дека неговата земја е член на Алијансата, но и затоа што односите меѓу Анкара и Москва сериозно се влошија по соборувањето на рускиот борбен авион од 24 ноември 2015 година над сириска територија.
Сега сепак турскиот претседател ја “напушта” антируската коалиција и оди на зближување со Русија. Според Коен, тоа значи дека Ердоган веќе нема да се противи на руско-американската соработка во Сирија, а тоа е лоша вест за ИД.
Професорот обрнува внимание и на тоа дека претседателот Обама ја поддржа демократско избраната влада на Турција и го осуди обидот за преврат. Ова, за возврат го принуди Киев да се нервира, бидејќи САД не само го одобри превратот на Мајдан и соборување на демократски избраната власт, но и во значителна мера помогна во задушување на демократијата.
Општо земено, според Коен, настаните од последните денови сведочат за уривање на светскиот поредок, создаван во текот на 25 година “Се со кое ние со вас и нашите деца живеевме во последните 25 година, се уништува, нема никаков ред” – појаснува професорот.
